алт=Амазонит Amazonite|мини|Амазонит Амазонитот, познат и како Амазонски камен, е зелен тектосиликатен минерал, разновидност на калиумовиот момирок наречен микроклина. Неговата хемиска формула е KAlSi3O8.
Името на овој камен, потекнува од она на реката Амазон, од која порано се добивале зелените камења, но не е познато дали тие камења биле амазонити. Иако се користел за повеќе од две илјади години, како што е потврдено со археолошките наоди во Египет и Месопотамија, ниту еден антички или средновековен авторитет не го споменува. Првпат бил опишан како посебен минерал дури во 18 век.Mikhail Ostrooumov, Amazonite: Mineralogy, Crystal Chemistry, and Typomorphism (Elsevier, 2016), p. 1-12.
Зелените и зеленикаво-сините сорти на калиумов момирок кој е претежно триклинички се означен како амазонит. Тој е опишан како „прекрасна кристализирана разновидност на светло зелено“ и дека поседува „жива зелена боја“. Повремено се сече и се користи како скапоцен камен.
Појава Амазонитот е минерал со ограничена појава. Порано бил добиен речиси исклучиво од областа Миас во планините Илменски, 50 милји југозападно од Чељабинск, Русија, каде што се јавува во гранитните карпи.
Сега е познато дека амазонитот се појавува на различни места низ светот. Тие места, меѓу другото, се следните:
Кина - Баишитоукуан, префектурата Хами, Ксинџианг (на овие места амазонитот бил најден во гранит) Либија - Џабал Егеи, Планините Тибести (најден во гранитни карпи) Монголија - Авдар Масив, провинцијата Тов (најден во алкален гранит) Јужна Африка: Могалаквена, Каи-Ма, Какамас, долината Церес САД - Колорадо, Вирџинија, Пенсилванија
Боја Долги години, изворот на бојата на амазонитот беше мистерија. Некои луѓе претпоставувале дека бојата се е предизвикана од бакар, бидејќи бакарните соединенија често имаат сина и зелена боја. Студија од 1985 година сугерира дека сино-зелената боја е резултат на количеството олово и вода во момирокот. Теоретски студии од 1998 година од А. Јулг ја прошируваат потенцијалната улога на алиовалентно олово во бојата на микроклинот.
Други студии предложуваат дека боите се асоцирани со зголемената количина на олово, рубидиум и талиум. Една неодамнешна студија од 2010 година, исто така, ја вмеша улогата на двовалентно железо во зелената боја. Овие студии и придружните хипотези укажуваат на сложената природа на бојата во амазонитот, со други зборови збирниот ефект на неколку взаемно вклучени и неопходни фактори.
Здравје Студија од 2021г, од германскиот „ Институт за Edelsteinprüfung„ (EPI) покажала дека количината на олово што истекува од 11 грама примерок од амазонит во кисел раствор кој симулира плунка ја надмина препорачаната количина на стандардот на Европската унија DIN EN 71-3:2013 за пет пати. Овој експеримент требаше да симулира дете кое голта амазонит, а исто така може да се примени и на нови велнес практики како што е вметнување на минералот во масла или пиење вода со денови.
Галерија
Наводи
Дополнително читање
Надворешни врски
Категорија:Скапоцени камења Категорија:Момирок