Гури Берг (роденa на 26 јануари 1963 година) — норвешка уметничка и вајарка.

Гури е родена во Трондхајм и пораснала во Хонингсвог, мало рибарско село на северниот рт на Норвешка. Додека нејзиниот татко, Ерлинг Берг, ги воспоставувал економските основи за рибарите во северните рурални области на Норвешка, Гури уште од рана возраст била изложена на креативни активности од страна на нејзината мајка Херфрид, која била професионален кројач.

Гури Берг е можеби најпозната по нејзините скулптури и камени портрети на светски домородци. Нејзините дела често ја комбинираат уметноста со технологијата, на пример со користење на математички филтер-функции како основа за големи слики од масло.http://mto.societymusictheory.org/issues/mto.94.0.11/mto.94.0.11.ann Скиците за нејзините подоцнежни скулптури честопати биле дизајнирани и обработувани со помош на компјутер. Претходно, таа работела во Сан Франциско и блиската Силициумска Долина, речиси десет години, и добила неколку официјални нарачки. Една од тие нарачки е всушност најголемата скулптура направена од европска уметница - споменик од силика бетон тежок 110 тони.Visit Norway Неодамна, таа започнала да работи на серија скулптури во каменолом во Естремоз, Португалија, и во најпознатата светска леарница за каменина во Србија.

Гури Берг студирала скулптура, сликарство и внатрешна архитектура 13 години - вклучително и пет години на Националната академија за ликовни уметности во Осло, Норвешка, каде што ја добила својата диплома по скулптура."Akademiet" Åse Markussen, 2009, Берг има добиено неколку награди за нејзината работа.

Наводи

Надворешни врски

Гури Берг - почетна страница

Категорија:Луѓе од Трондхејм Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Норвешки сликари Категорија:Норвешки вајари Категорија:Норвешки уметници Категорија:Луѓе од Нордкап