Хенрик Кристоферсен (норвешки: Henrik Kristoffersen; роден на 2 јули 1994 година) е норвешки алпски скијач кој се натпреварува во Светскиот куп, и бил светски шампион во велеслалом и освојувач на медал на Олимписките игри во 2014. Негова специјалност се техничките трки: слалом и велеслалом.
Кариера Роден е во Ралинген во округот Акерсхус. Своето деби во Светскиот куп Кристоферсон го имал во март 2012 година во Крањска Гора, Словенија, а прв пат застанал на подиумот во ноември 2013 година, откако освоил трето место во слалом во Леви, Финска. На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, Кристоферсен на 19 годишна возраст го освоил бронзениот медал во слалом и станал најмлад освојувач на медал во машка конкуренција во историјата на Олимпиското алпско скијање.
Кристоферсен е првиот кој победил на трите класични трки во слалом во Аделбоден, Венген и Кицбиел во иста сезона; тоа го постигнал на 21 годишна возраст во јануари 2016 година. По ова возење, тој станал најуспешен Норвежанец во историјата на слаломските натпреварувања во Светскиот куп. Со својата седма победа во Венген, Кристоферсен се израмнил со Фин Кристијан Јаге, а по осмата победа една недела подоцна во Кицбиел го поставил рекордот. Два дена подоцна (26 јануари) ја остварил и деветтата победа на ноќната трка во Шладминг.
На Светското првенство во 2019 година, Кристоферсен го освоил златниот медал во велеслалом во Оре, Шведска.
Успеси Кристоферсен е прв кој победил на четирите класични трки во слалом (во Аделбоден, Венген, Кицбиел и Шладминг) во иста сезона.
Во сезоната 2016, Кристоферсен станал првиот скијач во машка конкуренција кој по 24 години победил на шест трки во слалом од Светскиот куп во текот на една сезона; Алберто Томба победил на девет трки од Светскиот куп (шест слалом, три велеслалом) во сезоната од 1992 година.
Резултати од Светскиот куп
Сезонски титули Сезона Дисциплина 2016 Слалом 2020 Слалом Велеслалом 2022 Слалом
Сезонски пласман Сезона Возраст Генерален пласман Слалом Велеслалом СупервелеслаломСпустКомбинацијаПаралелен 2013 18 60 22 41 - - - N/A 2014 19 7 3 9 - - - 2015 20 8 4 6 - - - 2016 21 2 1 3 - - - 2017 22 3 2 5 - - - 2018 23 2 2 2 - - - 2019 24 3 5 2 - - 29 2020 25 3 1 1 48 - 26 8 2021 26 6 6 8 - - - 2 2022 27 3 1 2 - - - 4
Победи на трки Вкупно СлаломВелеслаломСупервелеслаломСпустКомбинацијаПаралелен Победи 28 21 7 - - - 0 Подиуми 72 46 24 - - - 2
Резултати на Олимписките игри Година Возраст Слалом ВелеслаломСупервелеслаломСпустКомбинација 2014 19 3 10 - - - 2018 23 DNF2 2 - - - 2022 27 4 8 - - -
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Норвешка Категорија:Освојувачи на сребрен медал на Олимписки игри за Норвешка Категорија:Освојувачи на медал на Олимписки игри во алпско скијање Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2014 Категорија:Олимпијци во алпско скијање од Норвешка Категорија:Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2022 Категорија:Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2014 Категорија:Норвешки алпски скијачи Категорија:Родени во 1994 година