Норвешки поход (8 април — 10 јуни 1940) — обидот на сојузниците да ја одбранат северна Норвешка со помош на норвешките сили од окупација од страна на нацистичка Германија во Втората светска војна. Главната стратешка причина за Германија да ја нападне Норвешка било заземањето на пристаништето Нарвик што ќе ѝ овозможи непречено движење на бродовите кои ја пренесувале железната руда до Германија потребна за производство на челик.
По блицкриг инвазијата на Германија на Франција во мај сојузничките сили почнале да се повлекуваат. Тогаш, норвешката влада побарала егзил во Лондон. Походот завршил со окупација на цела Норвешка од страна на Германија. Траел до 10 јуни 1940 година кога кралот Хокон VII и норвешкиот престолонаследник Олав побегнале во Обединетото Кралство, а Норвешка официјално станала нивен сојузник во Втората светска војна.
Заднина
Избувнувањето на Втората светска војна Велика Британија и Франција потпишаа договори за воена помош со Полска и два дена по германската инвазија на Полска (на 1 септември 1939 година), двете држави ѝ објавиле војна на нацистичка Германија. По објавувањето на војната немало некои позначајни воени операции во текот на неколку месеци (период познат како Лажна војна. Винстон Черчил за разлика од премиерот Невил Чембрлен сакал војната да навлезе во поактивна фаза.Lunde 2009, p. 3
За тоа време и двете страни сакале да отворат секундарни фронтови. Сојузниците, а особено Французите, сакале да се избегне повторување на рововската војна од Првата светска војна, која се одвивала долж француско-германската граница.Lunde 2009, p. 3
По избувнувањето на Втората светска војна, норвешката влада мобилизирала делови од норвешката армија и сите (освен два) воени бродови на Кралската норвешка морнарица. Воздухопловната служба на Норвешката армија и воздушната служба на Кралската морнарица на Норвешка исто така биле повикани да ја заштитат норвешката неутралност од нејзино прекршување од завојуваните земји. Првите такви прекршувања биле потонувањата на неколку британски бродови од германски подморници во норвешките територијални води. Следните месеци, авионите од сите завојувани страни ја нарушиле норвешката неутралност.
Речиси веднаш по избувнувањето на војната, Британците почнале да вршат притисок врз норвешката влада за на Обединетото Кралство да му ги обезбеди услугите на норвешката трговска морнарица, бидејќи имале потреба од бродски превоз за да се спротивстават на нацистичките сили. По долготрајните преговори од 25 септември до 20 ноември 1939, Норвежаните се согласиле да им изнајмат 150 танкери, како и други бродови со вкупна тонажа од 450.000 бруто тони.
Важноста на Норвешка Норвешка, иако неутрална, се сметала за стратешки важна за двете страни во војната поради неколку причини. Најважна била железната руда од Шведска - од која зависела Германија - која се извезувала преку норвешкото пристаниште Нарвик. Оваа рута била особено важна во зимските месеци кога голем дел од Балтичкото Море било замрзнато.Shirer 1990, p. 673-674 Нарвик станал уште позначаен за Британците кога станало очигледно дека операцијата Катерина, план за стекнување контрола врз Балтичкото Море, нема да се реализира.Lunde 2009, pp. 1–12 Гросадмиралот Ерих Радер неколку пати во 1939 година истакнал дека Германија ќе биде во опасност ако Велика Британија ја преземе иницијативата и започне сопствена инвазија во Скандинавија, бидејќи ако моќната Кралска морнарица има бази во Берген, Нарвик и Трондхајм, Северното Море би било практично затворено за Германија и Кригсмарине би биле изложени на ризик дури и на Балтикот.
Да се воспостави контрола врз Норвешка, би била стратешка предност во битката на Атлантикот. Заземањето на пристаништата ќе создаде јазови во блокадата на Германија, затоа што ќе има пристап до Атлантскиот Океан.Grove, Eric (2011). "The Norway Campaign in World War Two". BBC. Retrieved 17 April 2011. Овие пристаништа ќе и овозможат на Германија ефикасно да ја користи својата поморска моќ против сојузниците. Пристапот до норвешките воздушни бази ќе им овозможи на германските извидувачки авиони да оперираат длабоко врз Северниот Атлантик, додека германските У-бродови и површинските бродови кои оперираат од норвешките поморски бази ќе можат да ја пробијат линијата на британската блокада преку Северното Море и да ги нападнат конвоите кои се упатуваат кон Велика Британија.Lunde 2009, p. 3Shirer 1990, p. 673
Зимска војна Кога Советскиот Сојуз го започнал нападот против Финска на 30 ноември 1939 година, сојузниците сакале да ѝ дадат поддршка на Финска против многу поголемиот агресор.
По избувнувањето на војната меѓу Финска и Советскиот Сојуз, Норвешка мобилизирала огромни копнени сили. На почетокот од 1940 година, норвешката 6-та дивизија во Финмарк и Тромс распоредила 9.500 војници за одбрана од советски напад. Делови од силите на 6-та дивизија останале во Финмарк дури и по германската инвазија, бранејќи ја Норвешка од можен советски напад. За време на Зимската војна, норвешките власти тајно ја нарушиле неутралноста на земјата со тоа што на Финците им испратиле артилериско оружје и гранати, и со тоа што им дозволиле на Британците да ја користат норвешката територија за пренос на авиони и друго вооружување во Финска.
Со ова на сојузниците им се пружила прилика на сојузниците да ги окупираат рудните области во Шведска и пристаништата во Норвешка.Benkow & Grimnes 1990, pp. 15–16 Според планот, промовиран од британскиот генерал Едмунд Ајронсајд, две дивизии требало да се истоварат во Нарвик, пет баталјони некаде во средината на Норвешка и уште две дивизии во Трондхајм. Француската влада се залагала за преземање акција за да им се спротивстави на Германците што подалеку од Франција.
Со Пактот Молотов-Рибентроп Финска била сместена во советската сфера на интерес, и затоа Германците тврделе дека се неутрални во конфликтот. Ваквата политика предизвикала зголемено антигерманското расположение низ цела Скандинавија, бидејќи верувале дека Германците се сојузници со Советите. Во германската врховна команда почнале да стравуваат дека Норвешка и Шведска потоа ќе дозволат движење на сојузничките трупи низ нивна територија за да ѝ помогнат на Финска.
Откако бил објавен предлогот за пренос на војници, имало протести во Норвешка и Шведска, и затоа тој план не се реализирал во пракса. Со Московскиот мировен договор на 12 март 1940 година, плановите на сојузниците поврзани со Финска биле отфрлени. По откажувањето од планираното распоредување војници во Скандинавија имало огромен француски притисок врз британската влада на Невил Чембрлен и на крајот сојузниците одлучиле да постават мини во близина на норвешкиот брег на 8 април.
Видкун Квислинг и првичната германска истрага Германската врховна команда сметала дека во интерес на Норвешка е да остане неутрална. Сè додека сојузниците не влегуваат во норвешките води, германските трговските бродови кои патуваат по норвешкиот брег можат безбедно да ја транспортираат рудата што ја увезува Германија.
Меѓутоа, гросадмиралот Ерих Радер се залагал за инвазија. Тој верувал дека норвешките пристаништа ќе бидат од клучно значење за Германија во војната со Обединетото Кралство. мини| Видкун Квислинг во 1942 година. Неговото име станало синоним за „предавник“. На 14 декември 1939 година, Редер го запознал Адолф Хитлер со Видкун Квислинг, пронацистички поранешен министер за одбрана на Норвешка. Квислинг предложил пангерманска соработка меѓу нацистичка Германија и Норвешка. На вториот состанок четири дена подоцна (18 декември 1939), Квислинг и Хитлер разговарале за заканата од сојузничката инвазија на Норвешка.
По првата средба со Квислинг, Хитлер ѝ наредил на Врховната команда на Вермахтот (OKW) да започне со планови за инвазија на Норвешка. Првиот сеопфатен германски план за окупација на Норвешка, Студие Норд бил завршен на 10 јануари 1940 година. На 27 јануари, Хитлер наредил да се развие нов план, наречен Везерибунг. Тој почнал да се разработува на 5 февруари.
Алтмарков инцидент мини|Германските мртвци се носат на брегот на погреб по Алтмарковиот инцидент. <i id="mwrw">Алтмарковиот инцидент</i> се случил во доцните часови на 16 февруари 1940 година кога разурнувачот на кралската морнарица HMS Козак влегол во норвешките територијални води, го пресретнал германскиот помошен брод Алтмарк во Јосингфјорд и се качил на него. Алтмарк бил брод-затвор за германскиот крстосувач Адмирал Граф Шпи, а тој пак делувал како напаѓач на трговски бродови во Јужниот Атлантик. Алтмарк се враќала во Германија со 299 затвореници од сојузничките бродови кои ги потонала Граф Шпи. Таа го заообиколила северниот дел на Шкотска, со широк лак. Потоа навлегла во норвешки територијални води во близина на Трондхајмсфјорд, веејќи знаме на царската служба (Reichsdienstflagge). Со норвешка поморска придружба Алтмарк продолжила на југ, покрај норвешкото крајбрежје. Додека Алтмарк се приближувала до пристаништето во Берген на 14 февруари, норвешките поморски власти побарале да го прегледаат товарот. Меѓународното право не забранува префрлање на воени заробеници преку неутрални води и германскиот капетан ја одбил инспекцијата. Затоа командантот во Берген, адмиралот Карстен Танк-Нилсен, ѝ забранил пристап на Алтмарк до пристаништето. Но, адмиралот Хенри Дизен, ја преиначал неговата одлука и таа била придружувана понатаму. Според норвешките прописи за неутралност, владините бродови со кои управувале завојуваните земји немале пристап до стратешки важните норвешки пристаништа. Ова прекршување на прописите било затоа што Дизен се плашел дека Британците ќе ја пресретнат Алтмарк доколку таа биде принудена да оди понатаму.
На 16 февруари, Алтмарк била забележана од три британски авиони. Затоа Кралската морнарица испратила еден лесен крстосувач и пет разурнувачи кои патролирале во близина. Нападната од два британски разурнувачи, Алтмарк побегнала во Јосингфјорд придружувана од норвешкиот брод Скарв. Подоцна во фјордот ѝ се придружииле уште два брода. Козак влегла во фјордот во 22:20 часот по месно време, а норвешките бродови не интервенирале кога Британците се качиле на Алтмарк во доцните часови на 16 февруари. Во акцијата биле ослободени 299 сојузнички воени заробеници кои биле држени на германскиот брод, а биле убиени седум Германци во процесот.
По ова, Германците испратиле протестни ноти во Норвешка, а Норвежаните до Британија. Додека норвешките, шведските и американските експерти за меѓународно право ја опишале британската акција како кршење на норвешката неутралност, Обединетото Кралство изјавило дека инцидентот е само техничко прекршување кое било морално оправдано.
По инцидентот Германците го забрзале планирањето за инвазија на Норвешка. На 21 февруари, генералот Николаус фон Фалкенхорст бил поставен на чело на планирањето и командата на копнените сили. Инвазијата и окупацијата на Данска и Норвешка била официјално одобрена и потпишана од Хитлер на 1 март.Grove, Eric (2011). "The Norway Campaign in World War Two". BBC. Retrieved 17 April 2011.
Првичните планови
Сојузнички планови По завршувањето на Зимската војна, сојузниците увиделе дека секаква окупација на Норвешка или Шведска најверојатно ќе направи повеќе штета отколку добро, затоа што веројатно неутралните земји ќе стапат во сојуз со Германија. Сепак, новиот француски премиер, Пол Рејно, имал поагресивен став од неговиот претходник и сакал да се преземе некаква форма на акција против Германија. Черчил агитирал за акција во Скандинавија, бидејќи сакал да ја отсече Германија од Шведска и да ги натера скандинавските земји да застанат на страната на Обединетото Кралство. Првиот план од 1939 година се однесувал на продор со вооружени сили во Балтикот. Планот потоа бил променет во план за минирање на норвешки води за да се запре испораката на железна руда од Нарвик и да се испровоцира Германија да ја нападне Норвешка, каде што може да биде поразена од Кралската морнарица.Lunde 2009, pp. 11–14