Свети Атанасиј () — преродбеничка црква во селото Грубевци, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен храм сместен југозападно од селото. Изградена е во XVIII - XIX век. На крајот од XIX и почетокот од XX век со црквата завладеала Бугарската егзархија.
Храмот претставува трикорабна базилика со нартекс, трем, женска црква и полукружна апсида. Иконостасот е резбан, позлатен и насликан со световни мотиви. Заедно со царските икони датира од 1804 г. Тие икони се потпишани од Константин Зограф. Во архитравот има фрески.
Црквата е прогласена за историски споменик на 1 декември 1994 г.
Поврзано Воденско-постолско-мегленска епархија
Наводи
Атанасиј, Грубевци Атанасиј, Грубевци Категорија:Споменици на културата во Постол (општина)