Трент Џон Александер-Арнолд (роден на 7 октомври 1998, во Ливерпул) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Реал Мадрид и на англиската репрезентација.
Познат по својата интелегенција и одличните додавања, се смета за еден од најдобрите десни бекови на својата генерација. Како производ на академијата на Ливерпул, тој го направил своето деби за првиот тим на црвените во 2016 година и оттогаш е незаменлив на својата позиција во клубот.
Технички одлики Кариерата ја започнал како играч од средниот ред, за потоа да биде преместен на позицијата десен бек од тренерот Јирген Клоп. Поседува силен карактер, а може да се пофали и со голема брзина и моќно забрзување; покрај тоа, тој е вешт во ссвојување на топката и умее одлично да нафрли поради што често е споредуван со неговиот сонародник Ешли Кол.Un talento al giorno, Trent Alexander-Arnold: scheggia sulla destra tuttomercatoweb.com
Поради неговите физички, атлетски и технички квалитети, како и заради изразената тактичка интелигенција, тој моментално важи за еден од најдобрите десни бекови, а заедно со колегата од спротивната страна Ендрју Робертсон формираат еден од најдобрите бековски парови во Европа.
Клупска кариера Ливерпул
Израснат во младинскиот сектор на , тој го направил своето деби за првиот тим на црвените на 25 октомври 2016, во победата со 2-1 над Тотенхем во четвртото коло од Лига купот на Англија. На 14 декември истата година, тој го направил своето деби во Премиер лигата во победата со 3-0 против .
Својот прв гол во дресот на Ливерпул го постигнал на 15 август 2017 во победата со 2-1 на гостувањето против Хофенхајм, во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите, од директен слободен удар. Со тоа, тој станал третиот најмлад играч кој постигнал гол на своето деби во европските натпреварувања за Ливерпул, по Мајкл Овен и Дејвид Ферклаф. Својот прв гол во Премиер лигата, го постигнал истата година, во победата со 5-0 над Свонзи Сити на Анфилд.
На 7 мај 2019 година, во полуфиналето на Лигата на шампионите, во кое Ливерпул ја победил Барселона со 4-0, Александер-Арнолд забележал две асистенции, вклучително и додавањето од брзо изведениот корнер во самата завршница кога го проиграл Дивок Ориги за напаѓачот да го постави конечниот резултат од 4-0, гол со кој го одвел Ливерпул во финалето. На 1 јуни 2019, тој станал европски шампион со Ливерпул, освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите после победата со 2-0 над Тотенхем во финалето; Александер-Арнолд го одиграл целиот натпреваар.
Во сезоната 2019-2020, тој ја освоил Премиер лигата со Ливерпул, придонесувајќи за успехот со максимален број на настапи (38) и четири погодоци. Реал Мадрид На 30 мај 2025 година, Ла Лига клубот Реал Мадрид го објави потпишувањето на Александар-Арнолд на шестгодишен договор.
Репрезентативна кариера На 16 мај 2018, се нашол на списокот од 23 играчи на селекторот на англиската репрезентација, Гарет Саутгејт, кои настапиле на Светското првенство 2018 во Русија.
Своето деби го направил во подготвителен натпревар за Мундијалот, против во Лидс, што завршил со победа на англичаните од 2-0. На Светското првенство, на кое неговата репрезентација стигнала до полуфиналето а потоа загубила и во натпреварот за бронзен медал, Александер-Арнолд настапил само еднаш - против (0-1) во последниот натпревар од групата.
Три години подоцна, тој бил повикан за Европското првенство, но бил принуден да се повлече поради повреда.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентални куповиОстанати куповиВкупноЛигаНастГолКупНастГолКупНастГолКупНастГолНастГол 2016-2017 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 2+3 0 ЛШ 0 0 - - - 120 2017-2018 ПЛ191ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛШ 122 настапи во квалификациските кола.2Еден гол во квалификациските кола. - - -3332018-2019 ПЛ 29 1 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 11 0 - - -4012019-2020 ПЛ 38 4 ФАКуп+ЛК 0 0 ЛШ 7 0 КШ+СУ+Скп 1+1+2 04942020-2021 ПЛ 36 2ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛШ 8 0 - - -4522021-2022ПЛ242ФАКуп+ЛК10ЛШ50 - - -302Вкупно во кариерата 153 109 043 24020912
Титули Клупски Ливерпул Премиер лига на Англија : 1 2019-2020 Лига куп на Англија : 1 2021-2022 УЕФА Лига на шампиони : 1 2018–2019 Суперкуп на УЕФА : 1 2019 Светско клупско првенство : 1 2019
Наводи
Надворешни врски
Трент Александер-Арнолд на soccerway Трент Александер-Арнолд на transfermarkt Трент Александер-Арнолд на espn Трент Александер-Арнолд на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Родени во 1998 година