мини|421x421пкс| Картата ги покажува англосаксонските кралства. Народите Есекс и Сасекс се освоени од Кралството Весекс, (а подоцна и Кралството Кент) . Од Вартоломејовиот Книжевен и историски атлас на Европа (1914) Хептархија е заедничко име за седумте кралства од англосаксонска Англија во периодот од англосаксонското населување на Британија во 5 век до нивното здружување во четири кралства: Мерсија, Нортумбрија, Весекс и Источна Англија во 8 век.

Терминот „Хептархија“ (од грчкиот ; од , : „седум“; , : „владее“ и наставката , ) се однесува на постоењето на седум англосаксонски кралства: Источна Англија, Есекс, Кент, Мерсија, Нортамбрија, Сасекс и Весекс. Терминот „седум кралства“ прв го употребил англискиот историчар од 12 век, Хенри Хантингдон во неговото дело Историја на англискиот народ; а терминот хептархија датира од 16 век.

Историја мини|620x620пкс| Имињата на поголемите англосаксонски кралства се напишани со црвено Периодот на хептархијата траел од крајот на римското владеење во Британија во 5 век, до потчинувањето на повеќето англосаксонски кралства од страна на Егберт од Весекс во 829 година. Хептархија одговара на периодот во европската историја познат како ран среден век или (поконтроверзниот термин) мрачен век. Иако името „хептархија“ укажува на постоење на седум кралства, нивниот број варирал бидејќи кралевите се бореле за превласт во различни периоди од хептархијата.Norman F. Cantor, The Civilization of the Middle Ages1993:163f.

Кон крајот на 6 век, кралот на Кент имал доминација на југот од Англија. Во VII век, владетелите на Нортамбрија и Весекс биле моќни. Во 8 век, Мерсија воспоставила хегемонија врз другите тогашни кралства, особено за време на владеењето на Офа Велики.

Падот на Хептархијата и основањето на Кралството Англија бил долг процес во текот на 9-тиот до 10-тиот век. Во текот на 9 век, данската енклава во Јорк прераснала во Данелав, и околу половина од Англија била под данска власт. Алфред Велики ги обединил англиските држави поради заканата од заедничкиот непријател. Во 886 година, Алфред го освоил Лондон, а во Англосаксонската хроника се наведува дека „сиот Англиски народ кои не се подложни на Данците се потчинил на кралот Алфред“.The Anglo-Saxon Chronicle Freely licensed version at Gutenberg Project. Note: This electronic edition is a collation of material from nine diverse extant versions of the Chronicle. It contains primarily the translation of Rev. James Ingram, as published in the Everyman edition. Asser's Life of King Alfred, ch. 83, trans. Simon Keynes and Michael Lapidge, Alfred the Great: Asser's Life of King Alfred & Other Contemporary Sources (Penguin Classics) (1984), pp. 97–8.

Обединувањето на Кралството Англија завршило во 10 век, по протерувањето на Ерик Блодакс како крал на Нортамбрија. Етелстан бил првиот крал на цела Англија.

Список на англосаксонски кралства Четири главни кралства во англосаксонска Англија биле:

Источна Англија Мерсија Нортамбрија, со поткралствата Берниција и Деира Весекс

Други поголеми кралства, целосно освоени во одреден момент од нивната историја, пред обединувањето на Англија, биле:

Есекс Кент Сасекс

Други помали кралства и територии:

Берниција Деира Думнонија (само припоена кон Весекс подоцна, и корнски кралство) Хестингас Хвике Кралството Иклинга, држава претходник на Мерсија Линдзи Магонсет Меонвара, Јутско племе во Хемпшир Средни Агли Средни Саксонци (Мидлсекс, подоцна освоени од Кралството Есекс) Пексет Регед Сари Томсете Вреонкесет Вихтвара

Припишана хералдика Иако хералдиката не постоела во тоа време, на кралствата од англосаксонската хептархија по 12 или 13 век им се припишуваат грбови. Некои од нив се засноваат на опис во историски записи.

Наводи

Библиографија

Westermann Großer Atlas zur Weltgeschichte Кембел, Џ. и други. Англосаксонците . (Пингвин, 1991) Соер, Питер Хејес. Од Римска Британија до Норманска Англија (Рутлеџ, 2002). Стентон, ФМ Англосаксонска Англија, (трето издание. Оксфорд УП 1971),

Надворешни врски

Британски монархии, Енциклопедија Британика

Категорија:Англосаксонски кралства Категорија:Варварски кралства Категорија:Историографија на Англија Категорија:Држави и територии настанати во 5-тиот век Категорија:Држави и територии распаднати во 8-миот век