мини|десно|Икона на Исус Христос од црквата „Св. Благовештение“ во Старичани, 1827 г. Аргир Михајлов (1790 - 1850) — истакнат македонски зограф и иконописец кој творел во Костурско.

Наводи Роден е околу 1790 г. во Чука, Костурско. Живописал низа цркви во Костурско, каде творел во првата половина на XIX век. Негови забележителни творби се среќаваат во црквите „Успение на пресв. Богородица“ во Долен Нестрам, „Св. Благовештение“ во Старичани (живописана во 1827 г.), „Св. Петка“ во Изглибе (живописана во 1835 г. со потпис „δηά χειρός Αργύρι Μιχάλι“), „Св. Илија“ во Шкрапари (живописана во 1838 г.), „Св. Атанас Бессребренички“ (живописана во 1844 г.) во Костур, „Св. Димитриј“, живописана во 1826 – 1831 г. и други. Творбите му се хармонични и интересни, примери на убавата духовна уметност.

Избрани дела

Литература Αλεξίου Τ. Γεώργιος. Ο ναός του προφήτη Ηλία (1836) στο Ασπρονέρι Άργους Ορεστικού. Ο άριστος αγιογράφος Αργύρης Μιχάλη από το χωριό Τσούκα Νεστορίου. περίπου (1790-1850).

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски иконописци Категорија:Македонски зографи Категорија:Родени во 1790 година Категорија:Починати во 1850 година