Света Петка () — црква во селото Изглибе, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е еднокорабен храм со припрата и триделна апсида. Живописана е во 1835 г. од истакнатиот зограф Аргир Михајлов (потпишан „δηά χειρός Αργύρι Μιχάλι“). Има забележителен резбран иконостас со разнобојни икони.
Во 1997 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Петка, Изглибе Петка, Изглибе Категорија:Споменици на културата во Костур (општина)