Свети Јован Претеча и Свети Ѓорѓи () — црква во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Црквата е сместена на билото на врвот Вич, над селото Блаца.
Историја Храмот е подигнат во спомен на грчките владини војници загинати во победоносната борба со партизаните на ДАГ во решавачката Битка на Вич во август 1949 г. со која е ставен крајот на Грчката граѓанска војна. До неа има и споменик на победата.
Следната Битка на Грамошта (Грамос) завршила на 29 август 1949 г., односно на празникот Отсечение (обезглавувањето на Јован Крстител) и затоа храмот го носи неговото име, како и на Свети Ѓорѓи Победоносец.
Камен-темелникот на црквата е удрен во 1980 г. од митрополитот Григориј II Костурски, но со неговата смрт изградбата е запрена. Градежните работи продолжиле по доста време, за на 26 јуни 2010 г. храмот да биде осветен од митрополитот Серафим Костурски.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Јован Претеча, Вич Јован Претеча, Вич Категорија:Појавено во 2010 година Категорија:Грчка граѓанска војна