Свети Илија () — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата се наоѓа на истоимениот рид Свети Илија (350 м) веднаш северозападно од градот. Изградена е во 1936 г. на местото на постар храм со прилози од граѓаните. Зафаќа површина од 180 м2 и нема особен архитектонски стил. Подоцна е доградена припрата. Ѕидовите се од камен, дебели 80 см. Иконостасот е обичен, со мали преносливи икони. Некои од нив веројатно се дело на негушкиот зограф Хасјурас.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Илија Илија, Негуш Категорија:Појавено во 1936 година