РК Алкалоид — ракометен клуб од Скопје, Македонија. Алкалоид има освоено по една титула во купот на Македонија и суперкупот на Македонија, а во европски рамки Алкалоид го има освоено ЕХФ Европскиот куп во сезоната 2024–25. Клубот моментално се натпреварува во Супер лигата.

Историја РК Алкалоид бил формиран на 7 јули 2021 година од страна на фармацефтското претпријатие Алкалоид, на чело со Живко Мукаетов, која е целосен сопственик на клубот. Со меморандум за соработка, било постигнато партнерството на РК Алкалоид со брендот на Кирил Лазаров, „КЛ7“. РК Алкалоид започнал да се натпреварува во Првата македонска лига, второ по ранг натпреварување во Македонија, во сезоната 2021/22. Првично своите домашни натпревари ги играле во спортската сала „Борис Трајковски“. Прв претседател на клубот бил поранешниот ракометар Горан Минов.

На 18 септември, екипата на РК Алкалоид го одиграла својот прв службен натпревар. Во играчкиот состав на РК Алкалоид за првата сезоната биле:

голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски; бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески; кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски; крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски.

Во стручниот штаб за истата сезона бил: Љубомир Савевски како главен тренер и Билјана Црвенкоска, Бранислав Ангеловски и Влатко Котески како помошни тренери. РК Алкалоид, по успешниот настап во дебитантската сезона во Првата лига која ја освоил, обезбедил експресен пласман во Супер лигата во сезоната 2022–23.

На крајот на мај 2022 година, клубот доставил барање за да ја земе под концесија Спортската сала Автокоманда. Во меѓувреме, екипата на Алкалоид своите натпревари ги играла во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Главен тренер на тимот во првата сезона во Супер лигата станал македонската ракометна легенда Кирил Лазаров. Во 2022 година бил формиран и вториот тим на РК Алкалоид, РК Мулти Есенс, екипа составена од помлади талентирани играчи кои формираат база на играчи што имаат младински репрезентативен потенцијал. РК Мулти Есенс имал успешна сезона и како првопласирана екипа обезбедила учество во најсилната конкуренција, во сезоната 2023–24.

На крајот на мај 2022 година, клубот доставил барање за да ја земе под концесија Спортската сала Автокоманда. Во меѓувреме, екипата на Алкалоид играла како домашна екипа во Спортскиот центар Јане Сандански. Веќе на 24 декември истата година, новата сала била пуштена во употреба.

Во сезоната 2022–23 РК Алкалоид бил вицепрвак во Супер лигата. Со тој подвиг, Алкалоид обезбедил учество во ЕХФ Европската лига и тоа директно во групната фаза од натпреварувањето.

Наредната сезона 2023–24, РК Алкалоид го освоил за прв пат купот на Македонија, победувајќи ги РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер во полуфиналето и финалето, соодветно. Во лигата, сезоната ја завршиле на третото место и обезбедиле пласман во ЕХФ Европскиот куп.

Како победник на купот, РК Алкалоид се натпреварувал во суперкупот на Македонија 2024, каде уште еднаш во финалето го совладале РК Еурофарм Пелистер, за да ја освојат својата прва титула во суперкупот. Истата сезона, РК Алкалоид го освоиле и својот прв европски трофеј, освојувајќи го ЕХФ Европскиот куп 2024–25 победувајќи го РК АЕК во двомечот во финалето.

Визијата на клубот е да се стреми кон европските ракометни стандарди на професионална работа, промоција на модерен ракомет и на издигнување на играта на највисоко ниво.

Дресови

Производители на дресови

СезониПроизводител 2021– Хумел

Дресови

ДОМА

ГОСТИ

Трофеи и достигнувања

Домашни натпреварувања Македонска супер лига (I) 15x15пкс Вицешампион: 2022–23 Прва македонска лига (II) 15x15пкс Победник: (1): 2021/22 Куп на Македонија 15x15пкс Победник (1): 2024 Суперкуп на Македонија 15x15пкс Победник (1): 2024

Европски натпреварувања ЕХФ Европски куп 15x15пкс Победник: (1): 2024–25

Арена РК Алкалоид своите домашни натпревари ги игра во спортската сала Автокоманда во истоимената скопска населба Автокоманда, која ја дели со РК Металург. Салата има сместивост од околу 2.000 седишта.

Моментален состав Состав за сезоната 2024/25 ИмеДата на раѓање (години)Потпишал воПотпишал одГолмани1Марко Кизиќ2024 Еурофарм Пелистер12Иван Галевски2021 Голден Арт16Благојче Трајковски2022 Еурофарм Пелистер 2Леви Крила2Иван Џонов2023 Пролет 6217Арно Бинго2023 БенфикаДесни крила5Никола Костески2024 Талент Плзен19Александар Петковски2022 МеталургПивоти3Костадин Петров2023 Тор Акурејри4Никола Маркоски2022 Еурофарм Пелистер8Валентин Карасманакис2023 Еурофарм Пелистер9Марко Стојковиќ2021 Голден Арт14Кристијан Симоноски2022 Голден АртЛеви бекови6Михајло Младеновиќ2022 ГРК Охрид18Франциско Оливеира Силва2024 Егер-Естерхази20Дамјан Митев2022 Алкалоид академијаСредни бекови10Марко Митев2023 Бутел Скопје11Игор Ѓоргиев 2021 Голден Арт15Мартин Ивановски2024 Еурофарм Пелистер 2Десни бекови7Мартин Серафимов2021 Металург13Мартин Велковски2023 Еурофарм Пелистер21Давид Савревски2023 Вардар 1961

Стручен штаб мини|160п|Кирил Лазаров како тренер на Алкалоид. Позиција ТренерДржава Главен тренер Кирил Лазаров Помошнен тренер Билјана Црвенкоска Тренер на голманиЈане Цветковски Кондиционен тренер Петар Баснарков Физиотерапевт Тоше РистовскиТоше Трајковски

Управа Позиција ТренерДржава Претседател Горан МиновСпортски директорЉубомир СавевскиОперативен директорМилош МилошевскиТехнички секретарАнита Вучидолова Извор: РК Алкалоид

Поранешни членови на клубот

Поранешни играчи

Јане Цветковски (2022–2023)

Поранешни тренери Сезони ТренерДржава 2021–2022 Љубомир Савевски2022–Кирил Лазаров

Европски натпревари

ЕХФ Европска лига СезонаКолоКлубДомаГостиМесто2023–24Групна фаза (Група Б) Бјерингбро-Силкеборг23–3135–313-то РК Војводина26–3134–29 Логроњо Ла Риоха28–2729–29

ЕХФ Европски куп СезонаКолоКлубДомаГостиВкупно2024–251/32 Драгунас Клаипеда42–3137–3179–621/16 Хендбол Вест Виена38–2732–2970–561/8 Бриксен Хендбол38–3144–2271–501/4 Минаур Баја Маре32–2531–3163–561/2 Рунар42–3729–3471–71 3-1 (п)Финале АЕК10–029–2535–25

Наводи

Надворешни врски

Службено мрежно место

Алкалоид Категорија:Ракометот во Скопје