Свети Јован Златоуст, Стефан и Олга () — женски манастир кај селото Елешница, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба Манастирот се наоѓа на 1 км југоисточно над селото и 11 км североисточно од градот Валовишта.

Историја Основан е во 1983 г. од митрополитот Јован Валовишки и калуѓерките од манастирот „Св. Кирик и Јулита“. Најпрво е изградена двокатна градба, на чие приземје се наоѓа параклисот „Св. Јован Златоуст, Свети првомаченик и архиѓакон Стефан и Света рамноапостолска кнегиња Олга“. На катот се трпезаријата и конаците. Манастирската црква е простран еднокорабен храм, посветен на Свети Јован Златоуст, изграден во 1991 г.

Поврзано Валовишка епархија

Наводи

Јован Златоуст, Елешница Јован Златоуст, Елешница Јован Златоуст, Елешница Јован Златоуст, Елешница Категорија:Појавено во 1983 година