Воведение на Пресвета Богородица () — црква во селото Чаталџа, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е базилика изградена во 1906 г. за време на митрополитот Хрисостом Драмски, за што сведочи надвратниот натпис.
Осветена е на 27 април 1907 г. Дело е на австрискиот архитект Конрад фон Вилас, направена по пример на „Св. Фотина“ во Смирна. Над главниот влез има висока камбанарија со камбани донесени од Санкт Петербург.
Корабите се поделени со седум пара столбови. Таваните обоени со сина боја и имаат цветни мотиви, ѕвезди, розетки и крстови. Има прекрасен резбан иконостас, изработен во 1820 г. од мајстори од Мечово во Епир. Според други податоци, тој е дело на мајсторот Велјан Огненов од Тресонче. Балдахините се изрезбани со библиски сцени.
Црквата е украсена и убави икони од истиот период. Иконостасните икони на Христос Седржител и Богородица со Младенецот се дело на анонимен автор од втората половина на XVIII век. Иконите „Архангели“, „Свети Харалампиј со сцени од неговото житие“, „Св. Константин и Елена“ и „Вознесение на Свети Илија“ се дело на Кирјаз Еноски од 1822 г. Иконата „Богородица на престол со Дванаесетте апостоли“ (1850-1870) е творба на Димитриј Еноски. Неврокопскиот зограф Стерјо Георгиев е застапен со 27 икони. Иконите „Христос Седржител“, „Богородица“, „Јован Претеча“, „Воведение Богородично“, „Свети Апостоли Павле и Сила“ и „Свети Илија“ се дело на истакнатиот зограф Константинос Партенис. Иконите на Свети Симеон Столпник и Свети Стилијан од 1906 г. се дело на Павлос Зографопулос од Солун. Иконите на Светите Четириест Маченици и Свети Никола се дело на Јаков Мелнички, изработени во 1855 г. Првата има натпис „χεὶρ Ἰακώβου Ν. Μελενικίου“, а втората — „χεὶρ Ἰακώβου Γιακουμὴ Ν. Μελενικλῆ“.
Поврзано Драмска епархија
Наводи
Богородица, Чаталџа Богородица, Чаталџа Категорија:Појавено во 1906 година