Мост Васко де Гама () — кабелски мост преку реката Тахо во Парке дас Насоес (Парк на нациите) во Лисабон, главниот град на Португалија.

Тој е втор најдолг мост во Европа, по Кримскиот мост, и најдолг во Европската Унија. Изграден е за да се ублажи метежот на мостот „25 Април“ во Лисабон и да се избегне потребата сообраќајот меѓу северните и јужните области на земјата да поминува низ главниот град.

Изградбата започнала во февруари 1995 година; мостот бил отворен за сообраќај на 29 март 1998 година, токму на време за Експо 98, Светскиот саем кој ја прославувал 500-годишнината од откривањето на морскиот пат од Европа до Индија од страна на Васко де Гама.

Васко де Гама е еден од двата моста што се протегаат преку реката Тахо во Лисабон.

Опис лево|мини| Мостот Васко де Гама Мостот има шест коловозни ленти, со ограничување на брзината од 120 км/ч, исто ограничување како и на автопатите, освен на една делница која е ограничена на 100 км/ч. Во ветровити, дождливи и магливи денови ограничувањето на брзината се намалува на 90 км/ч. Бројот на коловозните ленти ќе се зголеми на осум кога сообраќајот ќе достигне просечен дневен 52.000.

Делници од мост и пристапен пат

Северни пристапни патишта: 945 метри Северен вијадукт: 488 метри Експо вијадукт: 672 метри; 12 делови Главен мост: главен распон: 420 метри; странични распони: 203 метри секој, (вкупна должина: 829 метри); цементни столбови: висина 150 метри; слободна висина за пловење при плима: 45 метри; Централен вијадукт: 6,351 км; 80 префабрикувани делови долги 78 метри; 81 столб со длабочина до 95 метри; висина од 14 до 30 метри; Јужен вијадукт: 3,825 км; 45-метарски делови; 84 секции; 85 столбови Јужни пристапни патишта: 3,895 км; вклучува наплатна рампа (18 порти) и две сервисни области.

Изградба и трошоци Проектот вреден 1,1 милијарди долари бил поделен на четири дела, секој изграден од друга компанија и надгледуван од независен конзорциум. Имало до 3.300 работници истовремено на проектот, за што биле потребни 18 месеци подготовка и 18 месеци изградба. Финансирањето било преку систем за изградба-управување-трансфер од Лусопонте, приватен конзорциум кој ги добил првите 40 години од наплатата на патарините на двата моста во Лисабон. Капиталот на Лусопонте е 50,4% од португалски компании, 24,8% француски и 24,8% британски.

Мостот има очекуван животен век од 120 години, дизајниран да издржи брзина на ветер од 250 км/ч и издржи до земјотрес 4,5 пати посилен од историскиот земјотрес во Лисабон од 1755 година (проценет на 8,5–9,0 според скалата на моменталната магнитуда). Најдлабоките темелни основи, до 2,2 метраво пречник, биле вкопани до 95 метри под средното ниво на морето. Притисокот за заштита на животната средина во текот на целиот проект резултирало со проширување на вијадуктите на левиот брег на копното за да се зачуваат мочуриштата под нив, како и столбовите на светилките на мостот се навалени навнатре за да не фрлаат светлина на реката долу.

Патарина За сообраќајот кон север (до Лисабон) се наплаќа патарина, додека патувањето кон југ е бесплатно. Патарините се наплатуваат преку наплатната рампа сместена на јужниот брег на Тахо, во близина на Монтижу. Од 2020 година, патарините се движат од 2,85 евра (патнички автомобили) до 12,20 евра (камиони).

Поврзано Мост 25 Април Мост Лезирија Список на мостови по должина

Белешки

Наводи

Надворешни врски Vasco da Gama Bridge on bridge-info.org Portal das Nações Discover the Ponte Vasco da Gama BBC news story of bridge opening Flickr photos of bridge

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Мостови во Португалија Категорија:Згради и градби во Лисабон Категорија:Кабелски мостови Категорија:Мостови преку Тахо