Деште Лут или само Лут (, „Низина на Голотијата“) — голема пустина во покраините Керман и Систан и Балуџистан, Иран. Прогласена е за светско наследство на УНЕСКО. Површината на песокот достигнува температура од 70,7 °C, што претставува рекорд за најврела површина на Земјата.
Опис мини|исправено=1.25|Јарданзи во пустината. Иран климатски припаѓа на појасот на афроазиските пустини, кој се протега Мавританија, па сè до Монголија.
Географијата на Иран се состои од висорамнини обиколени од планини и одделени со котлини. Деште Лут е една од најголемите вакви котлини, со должина од 480 long и ширина од 320 км. Се смета за едно од најсувите места на светот.Satellites seek global hot spots / The Christian Science Monitor - CSMonitor.comTemperature of Earth
Пустината зафаќа површина од околу , втора по големина во Иран веднаш зад Деште Кевир. Напролет, кога е повлажно, во пустината дотекува вода од Керманските Планини, но набргу пресушува, оставајќи зад себе само камења, песок и сол.
Источниот дел на Деште Лут е ниска висорамнина покриена со солници. За разлика од тоа, средишниот дел има напоредни сртови и бразди извајани од ветерот, кои се протегаат 150 км и достигнуваат висина од 75 км. Ова подрачје е полно со кланци и вртачи. Југоисточниот дел е огромно песокливо пространство, налик на сахарските ергови, со дини високи 300 м, кои се меѓу највисоките во светот.
Геологија Според едно проучување, преку половина од пустината е сочинета од вулкански карпи. Во врелите периоди се забележуваат евапорити.
Археологија Околу 2500 п.н.е. тука постоела напредна цивилизација. На западниот раб на пустината се наоѓал древниот град Шехдад. Од источната страна бил огромниот град Шахри Сухте.
Оваа пустинска област е археолошка важност за Иран. Проучени се источното крило на Керманските Планини и западната пограничје на пустината. Пронајдени се 87 археолошки наоѓалишта од V милениум п.н.е. до доцната исламска епоха. Од нив, 23 се од бакарното и бронзеното време.Eskandari, N., Mollasalehi, H. (2017). Prehistoric Settlement Trends on the West of Lut Desert, Southeastern Iran. Journal of Archaeological Studies, 8(2), 1-15.
Најврела површина мини|десно|300п|Деште Лут од вселената, 2006 г. Сателитот „Аква“ на НАСА го набљудувал Деште Лут од 2003 до 2010 г. и забележал најврела површина на Земјата, со температури до , иако самиот воздух е поладен.The Hottest Spot on Earth : Image of the DayWeather Iran
Најврелиот дел на пустината е Гандом Берјан, голема висорамнина покриена со темна лава и површина од .A Journey To Earth's Hottest Point
Поврзано Деште Кевир Географија на Иран
Наводи
Надворешни врски
Слика и информации од НАСА Деште Лут — Голема руска енциклопедија Пустина Лут — Енциклопедија „Британика“
Категорија:Пустини во Иран Категорија:Светско наследство во Иран de:Wüsten Afghanistans und des Iran#Lut