Сурутка или цвик — течност што останува по згрутчувањето (коагулирањето) на млекото; тоа е нуспроизвод од производството на сирење или казеин и има повеќе комерцијални употреби. Сурутката се користи во производството на разни сирења и многу други производи за човечка исхрана. Исто така, служи како додаток во многу прехранбени производи, вклучувајќи леб, крекери и комерцијални колачи, како и добиточна храна. Белковините од сурутка се состојат првенствено од α-лакталбумин и β-лактоглобулин. Во зависност од начинот на производство, сурутката може да содржи и гликомакропептиди (GMP).

Белковината од сурутка која се одвојува од оваа смеса често се продава како додаток во исхраната. Ваквите додатоци се особено популарни во бодибилдингот. Течната сурутка содржи лактоза, витамини и минерали, како и масти во мали количини. Истражувачите од Лундскиот универзитет во Шведска заклучиле дека сурутката веројатно го стимулира ослободувањето на инсулин. Тие, исто така, открилеajcn.org дека додатоците на сурутка може да помогнат во регулирањето и намалувањето на наглите зголемувања на нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2 така што го зголемуваат лачењето инсулин.

Наводи

Надворешни врски Алергии и нетолеранции на млеко Whey Извори и списоци на храна за алергични на сурутка Белковина на сурутка pansport.rs: Белковини из сурутке - све што треба да знате

Категорија:Сирења Категорија:Млечни производи Категорија:Млеко