Зелениот Фенер () — псевдоним на различни измислени суперхеројски ликови што се појавуваат во стрипови објавени од DC Comics. Првиот, Алан Скот, бил создаден од писателот Бил Фингер и уметникот Мартин Нодел во All-American Comics #16 (јули 1940 година). Секој Зелен Фенер поседува моќен прстен, кој му дава огромна контрола над физичкиот свет, но само ако оној што го носи има доволно волја и физичка сила за да го користи. Иако прстенот на зелениот фенерБидејќи се спомнува Алан Скот, овде конкретно нема потреба зелен фенер да биде со две големи букви. од златното време, Алан Скот, бил придвижуван од магија, прстените што ги носеле сите последователни Фенери биле технолошка творба на Чуварите на Универзумот што им дале такви прстени на заслужните кандидати. Тие образуваат меѓугалактичка полициска сила позната како Корпус на Зелените Фенери.
Луѓето што се нарекуваат „Зелениот Фенер“ се:
Алан Скот Харолд „Хал“ Џордан Гај Гарднер Џон Стјуарт Кајл Рејнер
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Суперхерои на DC Comics Категорија:Суперхерои Категорија:Зелениот Фенер