Свети Димитриј () — црква во селото Палатица, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата се наоѓа на самиот југозападен крај на селото. Изградена е во 1570 г. и денес е во лоша состојба. Претставува трикорабна базилика, чии кораби се поделени со дрвени столбови. При изградбата е користен материјал од древномакедонско време. Внатре е зачуван вреден живопис од годината на изградба, дело на зографот Никола од Линотопи.
Галерија
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Надворешни врски
Димитриј, Палатица Димитриј, Палатица Категорија:Појавено во 1570 година