мини|десно|300п|Ктироскиот натпис од 1840 г. Свети Бессребреници () — црква во селото Ниси, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Во XIX век нејзиниот манастир бил центаар на едно од двете архијерејски намесништва на Камбаниската епископија и како таков играл важна улога во административните, црковните и општествените проблеми во епархијата.

Архитектура Храмот е трикорабна базилика, изградена во 1813 г. и претставува забележителен пример за духовната архитектура во Берско. Во 1969 и 1986 г. прогласен е за заштитен споменик на културата.

Историја Првите податоци за постоењето на манастирот се од архива на камбанискиот епископ Теофил Папафилис (1745 - 1795). Важен извор за историјата на храмаот, Камбаниската епископија и воопшто на Урумлакот е ктиторскиот натпис над горниот праг на јужната врата. На него се вели дека манастирот е подигнат на 1 август 1813 г. за време на камбанискиот епископ Неофит (1806 - 1828) и игуменот Макариј, што укажува на присуството на монашката обител. „Подигањето“ (ανέγερση) на манастирската црква треба да се разбере како обнова или одржување на делови од постоечката црква, а не како изградба од нула. Можеби авторот на натписот од 1840-тите го прераскажал стариот уништен ктиторски натпис. На 1 април 1840 г. се обележани нови обновителни дејности во припратата на храмот за време на епископот Григориј Катрис (1828 - 1853). Епитроп на манастирот бил архимандритот Захариј, а игуменот не се споменува, што значи дека тој немал обител. На крајот на натписот се кажува дека обновата е направена со помошта на христијаните од тој крај, што може да означуа трета обнова по оние во 1813 и 1840 г., и при која е изработен натписот. Очигледно манастирот е востановен во 1840 г. откако настрадал во Негушкото востание (1822), кога можеби се распаднала и обителта.

Натписот е со висок уметнички и калиграфски квалитет, и е дело на високообучен уметник. Во храмот има икони на Кулакиската школа, но според калиграфските особености натписот поверојатно е дело на Ѓорѓи Мануил и син му Мануил Георгиу од Селица, веројатно поканети специјално за да го изработат него.

Во архивот на Солунската митрополија се чуваат османлиски нотарски актови на манастирот од 1845 г.

Веројатно при обновата на нартексот се изработени и исклучително впечатливите дрвени резбани тавани во црквата, меѓу малкуте преостанати од тоа време.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Бессребреници, Ниси Бессребреници, Ниси Категорија:Споменици на културата во Гида (општина) Категорија:Појавено во 1813 година