Свети Атанасиј () — црква во селото Чорново, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата се наоѓа на југозападниот крај на селото, на источните падини на планината Каракамен. Изградена е во средината на XVIII век. На ктиторскиот натпис од времето на живописувањето на црквата е споменат митрополитот Доротеј Берско-негушки. Освен тоа, споменати се и свештеници и мирјани поврзани со тој потфат.
Во 1969 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Атанасиј, Чорново Атанасиј, Чорново Категорија:Споменици на културата во Бер (општина)