Свети Илија () — поранешна црква во селото Боштани, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е сместена на околу 500 м од селото. Градбата претставува еднокорабен храм со двоводен дрвен покрив. Направена е од проста ѕидарија, изработена од месен камен. Апсидата има тесен отвор за проветрување. Внатрешноста е украсена со живопис, кој според натписот датира од 1734 г. Иконостасот е обичен, а подот е покриен со мермерни плочи. Црквата претрпела интервенции низ годините; покривот и ѕидовите се сменети во непознат период.

Во 1969 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Кон крајот на XX век храмот бил во многу лоша состојба.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Илија, Братиништа Илија, Братиништа Категорија:Споменици на културата во Бер (општина)