Свети Патапиј () — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Големи Свети Бессребреници“. мини|лево|250п|Живопис во храмот Црквата е подигната во XV век врз урнатините на ранохристијанска крстилница од IV век и голема базилика од V век. Првибитно била трикорабна базилика со дрвен покрив. На почетокот на XVI век црквата е проширена и од стариот храм е зачуван само жртвеникот како нов ѓаконик. Внатре се зачувани фрески од XV век во северниот дел на првичниот храм и вклучуваат впелатчиви претстави на Богородица, Благовештението и Распетието. Останатите фрески се од почетокот на XVII век со претставите на Свети Јован Крстител и Свети Патапиј со Богородица и Христос.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Надворешни врски
Патапиј Патапиј, Бер