Свети Василиј () — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата „Големи Свети Бессребреници“.
Изградбата има две фаз. Првата е жртвеникот и не се знае кога е подигната; остатокот од храмот е од XVIII век. Нема зачуван живопис. Градбата претставува правоаголна двокорабна базилика со четириводен дрвен покрив и женска црква на запад. Влезот од југ води во наосот. До женската црква се стасувало по полуотворено дрвено скалиште до влезот од јужната страна, но подоцна е уништено. Двата кораба во внатрешноста се поделени со една колонада од дрвени столбови. Нема зачувани фрески, а иконостасот е обичен.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Надворешни врски
Василиј Василиј, Бер