Пресвета Богородица Десна () — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е дел од парохијата „Св. Ѓорѓи“.
Црквата е подигната во XIV век. На крајот од ΧVIII или почетокот на ΧIΧ век грамот е делумно срушен и проширен како трикорабна базилика. Од првобитниот храм денес е зачуван единствено дел од олтарот, каде има живопис од времето на изградба. Царските икони на иконостасот, како и иконите на Богородица и Исус Христос исто така се од византиско време.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Богородица Десна Богородица Десна, Бер