Свети Никола Антимов () — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Ѓорѓи“.

Цквата е подигната во 1565 г. Претставува трикорабна базилика со дрвен двоводен покрив. Според ктиторскиот натпис, храмот е изграден од монахот Антим како манастирска црква. Во периодот од 1565 до 1570 г. црквата е живописана со префинети фрески, меѓу кои сцените на Исус Христос Велик Архијереј, Богородица Поширока од небесата, Успение Богородично и Страстите Христови. Авторите на фреските се вбројуваат меѓу најдобрите во своето време.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Никола Антимов Никола Антимов, Бер Категорија:Појавено во 1565 година