Свети Андреја Деснички () — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Ѓорѓи“. Црквата го носи името по „Пресв. Богородица Десна“ на југ, која своевремено била нејзина парохиска црква. мини|лево|180п|„Свети Андреја“, XII век Црквата е подигната во XVI век. Претставува еднокорабен храм со дрвен покрив, трем и припрата. Внатрешноста е живописана на крајот од XVI век, и меѓу сцените се истакнуваат Богородица, Вознесението Христово и Воскресението Лазарево. Зачувани се и фрески од XVII и XVIII век. Храмот е обновен на север, на југ и запад со ќерпич, однатре насликан со фрески во XVII век.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Надворешни врски

Андреја Деснички Андреја Деснички, Бер