Свети Никола (), наречена и Свети Спиридон (Άγιος Σπυρίδων) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Ѓорѓи“.
Црквата е подигната во XVII век. Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив и нартекс. Во XX век се направени радикални измени на храмот. Покривот е двоводен. Внатре корабите се поделени со столбови. Во наосот и на источниот ѕид нартексот има фрески од 1617 г.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Никола 17 Никола 17, Бер