Света Ана () — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“. мини|лево|200п|„Света Ана со Богородица“, крај на XV век Црквата е изградена во XV век врз урнатините на ранохристијанска базилика од VI век. Првично бил еднокорабен храм, но подоцна се направени значителни интервенции, претворајќи го во двокорабен. На западниот ѕид внатре е зачуван живопис од 1500 г., а живописот однадвор на истиот ѕид е од 1520 г. Живописот во жртвеникот и на јужниот ѕид е од крајот на XVI век.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Ана 15 Ана 15, Бер