Свети Спиридон, Никола и Елевтериј () — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата „Св. Јован Милостив“.

Црквата е подигната на почетокот на XIX век. Во XX век претрпела големи архитектонски промени. Нема зачувани стари фрески, но има вредни икони. По рушењето на црквата „Св. Никола Дрварски“ во 1975 г., овој светец заедно со св. Елевтериј почнал да се почитува во „Св. Спиридон“ и храмот го добил денешното име.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Спиродон Никола Елевтериј Спиродон Никола Елевтериј, Бер