Свети Прокопиј () — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Сретение Господово“. мини|лево|200п|„Богородица Патеводителка“, XIV век Црквата е подигната во XIV век како еднокорабен храм со дрвен покрив. По архитектонските интервенции до почетокот на XVII век, храмот е претворен во трикорабна базилика. Внатре се зачувани забележнителни фрески од крајот на XIV век, сместени врз западниот ѕид на првичниот храм. Во 1589 и 1607 г. црквата е повторно живописана со вредни фрески — Рождество, Благовештение, Вознесение и други. Во црквата се чуваат и мноштво вредни икони.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Прокопиј Прокопиј, Бер