мини| Фреската. Сцени од животот на Дева Марија (италијански: Le Storie della Vergine) ― циклус на фрески од Филипо Липи во Сполетската катедрала.
Историја Циклусот бил нарачан во 1466 година, кога Липи ги завршил своите Приказни за Свети Стефан и Свети Јован Крстител во Пратската катедрала, и ненадејно бил прекинат со смртта на Липи во 1469 година, предизвикана од отров според Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти на Вазари. Неговите помошници во студиото го завршиле делото за околу три месеци. Липи бил погребан во Сполетската катедрала и покрај барањето на Лоренцо Величествениот посмртните останки да бидат вратени во Фиренца, од градот Сполето одговориле дека за разлика од Фиренца, нивната голема нова катедрала немала погребани славни луѓе во неа.
Сцени Од лево кон десно циклусот покажува:
Благовештение Успение (во средината, надвор од хронолошката секвенца, веројатно на барање на нарачателот поради посветеноста на катедралата на Успението Maria Pia Mannini, Marco Fagioli. Filippo Lippi. Catalogo completo. Firenze 1997. ) Рождество Христово Крунисување на Богородица (високо на полукуполната апсида)
Галерија
Наводи
Категорија:Сполето Категорија:Уметнички слики од 1460-тите Категорија:Исусовото раѓање во ликовната уметност Категорија:Уметнички слики за Крунисувањето на Богородица Категорија:Уметнички слики кои прикажуваат Успението Категорија:Уметнички слики за Смртта на Богородица Категорија:Уметнички слики во Умбрија Категорија:Црквени фрески во Италија Категорија:Слики од Филипо Липи