Свети Јован Богослов () средновековна — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Сретение Господово“. мини|лево|200п|Фреска Црквата е изградена во XIII век. Од првичната градба е зачуван само жртвеникот, кон кој водела трикорабна базилика со дрвен покрив, како и дел од главниот кораб. Во XIV век е срушена нишата на ѓаконикот, а на нејзино место е направена нова. Денес храмот е еднокорабен со кос покрив.
Фрески има само во преживеаните првобитни делови. Претставата на Богородица Поширока од небесата со два ангела во конхата на апсидата датира од XIII век. Од истиот период се и „Причеста на Апостолите“, „Вознесението“ на фронтонот од источниот ѕид и Благовештението на предниот дел на нишата. на јужниот ѕид е насликано Рождеството, а на северниот е Слегувањето во адот и Свети Јован Богослов со Дева Марија. На крајот се редот прелати, пророците и светиите. Кон почетокот на XIV век е изработена фреската на Свети Јован со Богородица.
Храмот е прогласен за споменик на културата.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Јован Богослов Јован Богослов, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер