Свети Атанасиј () — црква кај селото Лужица, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот е последниот остаток од некогашното село Дурмани уништено во Негушкото востание во 1822 г. Сместен е во пазувите на Каракамен, на неколку километри северозападно од Лужица. Според двата натписа, црквата ја живописале зографот Алексиј и брат му Анастасиј од Јанина — во 1736 г. го насликале наосот, а во 1744 г. нартексот сето за времето на владиката Јоаким III Берско-негушки. Се потпишале со „χειρ Αναστασίου και Αλεξίου ιερέος τον αυταδέλφον εκ τόπου Ιωαννίνων“.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Атанасиј, Дурмани Атанасиј, Дурмани Категорија:Појавено во 1736 година