Свети Петар и Павле () — црква во селото Костемар, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Според натписот, црквата е изградена во 1745 г. за време на митрополитот Јоаким III. Слични се натписите од „Св. Преображение“ во Костемар од истата 1745 г. и од „Свети Никола“ во (Горна Лужица) од 1750 г., што говори за постоење на работилница за обнова на цркви.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Петар и Павле, Костемар Петар и Павле, Костемар Категорија:Појавено во 1745 година