„Индијана Џонс и храмот на проклетството“ (англиски: Indiana Jones and the Temple of Doom) — филм на режисерот Стивен Спилберг од 1984 година. Главните улоги ги играат: Харисон Форд, Кејт Кепшо, Ке Хју Куан и Амриш Пури.

Содржина Во 1935 година, Индијана Џонс се наоѓа во Индија каде се среќава со припадниците на една тајна секта. Тој се здружува со една пејачка во ноќен клуб (ја игра Кепшо) и со 12-годишно кинеско дете (го игра Куан) и заедно одат во едно зафрлено село. Селаните веруваат дека лошите сили им ги грабнале децата по кражбата на нивниот свет камен. Меѓутоа, храмот е полн со смртоносни стапици и крие мрачни тајни. Индијана Џонс и неговите другари мора да ја запрат опасната секта коај верува дека ќе завладее со светот. Притоа, Индијана Џонс мора да ги спаси и грабнатите деца и да ги избегне опасностите во храмот.Индијана Џонс и уклети храм (пристапено на 27.4.2022)

Наводи

Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови од 1984 година Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Авантуристички филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Индија Категорија:Филмови на Стивен Спилберг Категорија:Филмови со Харисон Форд Категорија:Филмови со Кејт Кепшо Категорија:Филмови со Ке Хју Куан Категорија:Филмови со Амриш Пури Категорија:Филмови на Paramount Pictures Категорија:Филмови за Индијана Џонс