Василе Димески (, – , ) — македонски поет, драмски писател, критичар, есеист.

Животопис Василе Димески е роден во 1946 година во Прилеп, каде што завршил средно образование, а Филозофски факултет, група Историја на југословенските книжевности завршил во Скопје. Паралелно со студиите работел прво како соработник, а потоа и како уредник на културната страница во весникот „Студентски збор“. Кога се вратил во Прилеп се вработил како професор по македонски јазик во електромашинскиот училиштен центар „Ристе Ристески-Ричко“, каде што го поминал поголемиот дел од работниот век.

Книжевно творештво Василе Димески е автор на поетските книги.: Бакарни ѕвона, 1982 Изместена земја, 1999 Сеопшта песна, 1999 Тука запира сè, 2001 Аксиј сè уште тече, 2003 Градови паѓаат за тебе, 2007 Немаше град, Дрво што оди, Не е ноќ дури те памтам, Татко мој, татко мој, Прикрепи ми ја ракава мајко, Седмиот ден, Ноќва душава си ја изедов

Ги има објавено и драмските книги: Квадратура на кругот, Војводата од пусто турско, Условен рефлекс, Крвавиот ангел“ (со драмите Страданијата за За-Зо Кулибан, Да, Госпоѓо Фирер и Враќањето на За-Зо Кулибан“), како и книгата полемики Мојата пресметка со нив''.

Награди Награда „Державин“, 2017, за стихозбирката „Ноќва душава си ја изедов“ Награда „3 Ноември“ на Град Прилеп, 2017, за достигнувања во областа на книжевноста.

Наводи

Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ