Сретение Господово () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа во градскиот центар, на раскрсницаа на улиците „Егнатија“ и „Агапинос“, спроти Сводот на Галериј и храмот „Пресв. Богородица Десна“. Во истото подрачје се наоѓал и Јоиловиот манастир, посветен на Богородица, кој на почетокот на XVI век станал метох на манастирот „Св. Анастасија Узорешителница“ на Халкидик. Во 1531 г. Јоиловиот манастир е урнат, но потоа обновен од игуменот „Св. Анастасија“ Теона, кој подоцна станал солунски епископ.

Храмот „Сретение Господово“ е изграден во 1841 г. Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, типична за своето време. Ѕидаријата на источниот ѕид и во долните делови на западниот и јужниот е декоративна со наизменични делкани камења и тули. на северната страна се вградени мермерни фрагменти од римски и византиски скулптури и дел од натпис од 1272 г., на кој е споменат византиски офицер. Внатре трите кораби се поделени со дрвени столбови. Дрвената галерија (женската црква) има потковичест облик и е не само на запад, туку делумно оди и во страничните кораби. Во храмот има вреден резбан инвентар од XIX век.

Царските двери со претстава на Благовештението се од XVI век, дело на мајстор од Критската школа. Иконата на Сретението Господово од 1888 г. е дело на Георгиос Атанасиу од Галачишката школа. В 1843 - 1844 г. на црквата работеле претставници на Кулакиската школа. Димитриос Ламбу ги насликал Михаил Солунски (1843), претставен во архаична облека, и Свети Јован Претеча (1844). Неколку икони од 1844 г. се дело на Константин Ламбу, а карактеристична е неговата икона на Христос Седржител, чие лице е во традицијата на Кулакиската школа, но наборите на облеката се во светогорската традиција. Подоцна, во 1890-тите на храмот работел и друг кулакиски мајстор — Митакос Хаѕистаматис.

Галерија

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Надворешни врски

Сретение Господово Сретение Господово, Солун Категорија:Појавено во 1841 година