Читкушева чешма — историска чешма во градот Велес.

Чешмата се наоѓа во источното маало Прцорек, на раскрсницата на улиците „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „Прохор Пчински“. До неа има вековен јавор, во центарот на Влашкото Маало околу црквата „Успение на пресв. Богородица“. Изградена е најдоцна на почетокот на XIX век. Обновувана е во 1992 и во 2012 г. со учество на зографот Златко Александровски. Го носи името на семејството Читкушеви кои живееле во близина.

Поврзано Прцорек

Наводи

Категорија:Чешми во Македонија Категорија:Згради и градби во Велес Категорија:Историја на Велес Категорија:Култура на Велес