Жужелска Река () — река во Нестрамско, Егејска Македонија, лева притока на Коница (Сарандапорос).По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
Опис Реката почнува од изворот Галамбаца на планината Смолика, западно од врвот Дели Ахмед (1.810 м) и северно од врвот Киркури (1.860 м). Тече првично на исток, а потоа свртува на североисток, и под името Хелимоди ја образува границата меѓу Смолика на запад и Таљар на исток. По таа граница оди патот за Самарина. Во месноста Бразитика свртува кон северозапад. Излегува во Жужелската Котлина, минува источно од Жужел и се насочува северно, влевајќи се во Коница западно од Борботско.
На реката има два камени моста – Жужелскиот (1880) и Куцумбли, обата прогласени за споменици на културата.
Поврзано Смолика
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Реки во Епир Категорија:Нестрам Категорија:Пинд