Лесница или Лешница (, Лептокаријас Рема, во превод Лешнишка река; до 1969 г. Λεσνίτσα) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Четирска Река (Коре). Влегува во сливното подрачје на Бистрица.

Опис Реката се образува од неколку потоци кои извираат од јужните падини на Д’мбенска Планина и источните падини на Флацата во месностите Беј Бунар и Камена. Тече во јужен правец. Излегува од планината источно од селото Ошени и се влева во Четирска Река.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Поврзано Пополе

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина) Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Д’мбенска Планина