Новак Ивановски (познат и како Новак Велјанов Ивановски; р. во Слепче, Прилепско) — македонски математичар и универзитетски професор од 1988 година.

Животопис

Дипломирал во 1964 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1964 година, каде бил редовен професор од 1988 година. Магистрирал на Природно-математичкиот факултет во Загреб во 1969 година, а докторирал во 1973 година на Индијана Универзитетот во Блумингтон, Соединетите Држави, со темата „Субнормалност на операторско-тежински изместувања“. Објавил научни трудови во теоријата на оператори и универзитетски учебници. Бил ментор на еден докторант и на 10 магистранти, продекан на Математичкиот факултет (1981-82) и шеф на Институтот за математика на ПМФ (1987-91 и 1999-01).

Наводи

Категорија:Луѓе од Слепче (Прилепско) Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски математичари Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски математичари Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Загрепскиот универзитет Категорија:Доктори на Универзитетот Индијана