Линотопска Река () — високопланинска река во Нестрамско, Егејска Македонија, десна притока на Бистрица.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Опис Реката извира од планината Грамошта северно под врвот Огуро (1.593 м) — географската граница меѓу Македонија и Епир. Оттука тече на север. Минува низ котлината каде се наоѓаат урнатините од напуштеното влашко село Линотопи, по кое е наречена. Продолжува на север и се влева во Бистрица (тука наречена Белица) меѓу напуштените села Ветерник и Загар.

Поврзано Нестрамкол

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Нестрам Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Грамошта Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија)