Стенска Река (, Стенопотамос или Στενόρεμα, Стенорема) — река во Нестрамско, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.

Опис Реката се образува под името Голема Река (Мегало Рема) од неколку потоци кои извираат од планината Гал’мбица, јужно од врвот Николери (1.349 м). Тече во југоисточен правец и минува низ котлината на селото Стенско, по кое е наречена. По селото свртува на исток и на североисток, па образува живописна клисура во која е сместен Радигошкиот Водопад. По клисурата минува јужно од селото Радигоже, ја прима големата лева притока Слабишта и се влева во Бистрица (тука наречена Белица).По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Притоки → лева, ← десна → Слабишта → Сарандиница

Поврзано Нестрамкол

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Нестрам Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија)