Големан или Копач Дере или Копачдере (, Купацијанос, т.е. Копачка) — река во Лагадинско и Серско, Егејска Македонија, десна притока на Струма.

Опис Реката извира во Богданска Планина северно од врцит Чиплак (1.077 м) и тече на север. Во горниот дел го носи името Гурдере (Гур Лакос), а во средното Стимала. Под врвот Сапан Дермен свртува на исток и ја образува границата меѓу Богданска Планина на југ и Карадаг на север. Минува крај остатоците од истоименото село Копач Дере и излегува во Серското Поле кај селото Копач и се влева во Струма кај Гудели.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Притоки → лева, ← десна → Казан → Јарликија ← Хламур (Фламури) → Румли → Караџали → Анелико → Коздакуз → Махмутљу

Поврзано Серско Поле

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Визалтија Категорија:Лагадина Категорија:Притоки на Струма