Билјана Јанева (моминско: Љупчова; р. во ) — македонска математичарка и универзитетска професорка почнувајќи од 2000 година.
Животопис
Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1973 година, станувајќи асистент на факултетот во 1974 година. Магистрирала на Природно-математичкиот факултет во Загреб во 1981 година, а докторирала во 1989 година на ПМФ во Скопје со темата „Некои класи полиадични полугрупи и групи“. Таа е автор или соавтор на повеќе научни трудови од областа на алгебрата, учесник во научни проекти и научни конференции со свои реферати и раководител на последипломски студии.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски математичари Категорија:Југословенски математичари Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Загрепскиот универзитет Категорија:Доктори на Природно-математичкиот факултет - Скопје