Никола Речкоски (познат и како Никола Стефанов Речкоски; р. во Велгошти, Охридско) — македонски математичар и универзитетски професор од 1987 година.

Животопис

Дипломирал во 1962 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал во 1971 година. Докторирал во 1979 година на Математичкиот факултет со темата „Прилог кон аналитичката репрезентација на дистрибуциите“ и објавил трудови од таа област. Станал редовен професор во 1987 година на Електротехничкиот факултет, а од 1995 година на Факултетот за туризам и угостителство.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велгошти Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски математичари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски математичари Категорија:Апсолвенти на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Професори на ФЕИТ Категорија:Професори на УКЛО