Нашку Лози (, 1885 – , 1912) — влашки поет од Македонија. Своето образование го стекнал во романско училиште во родниот град и Романски лицеј во Битола. За време на Илинденското востание (1903) живеел во родното Крушево. Непосредно по задушувањето на востанието напишал песна на влашки јазик насловена „Пискотот на крушевчани“, која била пронајдена во домашната архива на Костика Телеску од Крушево. Македонскиот поет Гане Тодоровски ја препеал песната на Лози на македонски јазик.
Надворешна врска Нашку Лози на Дигитална македонска енциклопедија
Категорија:Македонски Власи Категорија:Родени во 1885 година Категорија:Починати во 1912 година Категорија:Влашки поети Категорија:Македонски поети Категорија:Отомански поети