Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Долно Кочан, Правишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Правишката епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е поранешната џамија на селото, кое до 1920-тите било населено со Македонци муслимани. Во 1923 г. по сила на Лозанскиот договор, домородното население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од источнотракиското село Димокранија (Ѓузелџе). Дојденците ја претвориле џамијата во црква, минарето го претвориле во камбанарија, а во храмаот ја поставиле чудотворната икона „Пресвета Богородица Димокраниска“.

Во 1950-тите, поради свлечишта дојденците се населиле во Долно Кочан, каде изградиле „нова истоимена црква“. Црквата е обновена во 2009 г. и на 16 септември 2009 г. во неа е одржана служба на која чиноначалствувал митрополитот Хрисостом Правишки. Старата црква, заедно со Кочанскиот мост се единствените преостанати градби во старото село.

Поврзано Правишка епархија

Наводи

Богородица Успение, Долно Кочан Богородица Успение, Долно Кочан Богородица Успение, Долно Кочан