„Лагер Ниш“ — југословенски филм од 1987 година во режија на Миомир Стаменковиќ. Главните улоги ги играат: Светислав Гонциќ, Милан Штрљиќ, Миодраг Мики Крстовиќ и Танасије Узуновиќ.
Синопсис Кон крајот на 1941. година, Гестапо го формира првиот концентрационен логор во Југославија - Лагер Ниш. Во логорот се сместени политичките затвореници, заложниците, Евреите и заробените партизани. Во филмот се прикажува судбината на нишкото семејство Зариќ, таткото и синот, како и настаните во логорската соба бр. 12, наречена „соба на смртта“. Додека германската војска секојдневно ги стрела заробениците, во логорот се подготвува план за бегство. Најпосле, од 145 луѓе затворени во логорот, над сто успеваат да побегнат...РТС, Лагер Ниш (пристапено на 11.9.2022)
Наводи
Категорија:Српски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1987 година Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови на Миомир Стаменковиќ Категорија:Филмови со Милан Штрљиќ Категорија:Филмови со Танасије Узуновиќ Категорија:Филмови со Миодраг Мики Крстовиќ Категорија:Филмови со Светислав Гонциќ Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Ниш Категорија:Филмови за холокаустот